Екс-селектор на Македонија ќе ги води ракометарките на Хрватска

Поранешниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, ќе биде предводник на ракометарките на Хрватска на претстојниот светски шампионат, објави весникот „Спортске Новости“ повикувајќи се на извори од федерацијата.

Обрван своевремено со успех ја предводеше нашата национална селекција, заминувајќи си од кормилото по неуспехот во квалификациите за Олимписките Игри на турнирот што се одржа во Гдањск. Тој речиси целата тренерска кариера ја мина во машкиот ракомет, но откако неодамна ја прифати понудата да биде тренер на ракометарките на Подравка, сега е подготвен и за првиот предизвик во женскиот репрезентативен ракомет.

Тој ќе дојде на функцијата на местото на Ненад Шоштариќ, кој го напушти кормилото прифаќајќи ја понудата да биде тренер на РК Загреб, а официјалната промоција на Обрван се очекува по одржувањето на наредниот состанок на Управниот Одбор на федерацијата, на која ќе биде потврден неговиот селекторски ангажман.

Хрватска пред крајот на годинава ќе биде дел од СП 2023, во кое „коцкестите“ се наоѓаат во група со Шведска, Кина и со Сенегал.

Се вчитува...