Мексиканскиот стратег Хавиер Агуире денеска и официјално беше именуван за нов тренер на Леганес и попладнево ќе го одржи првиот тренинг со новата екипа.
По заминувањето на Сембранос по само три натпревари (една победа и два порази), раководството на Леганес преговараше со неколку стратези, за на крајот да ги договори условите за соработка со Агуире. Договорот е потпишан до крајот на сезонава, со можност за негово продолжување доколку клубот обезбеди опстанок во елитното друштво.
Последниот ангажман на Агуире беше како селектор на репрезентацијата на Египет, од каде си замина по неуспехот на Купот на африкански нации на кои „фараоните“ беа домаќини. Претходно, тој работеше во шпанскиот шампионат како тренер на Еспањол.
Леганес моментно е „фенерџија“ на табелата во Ла Лига со само пет освоени бода во првите 12 одиграни кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА