Екс-селекторот најде нов клуб, ќе го води Етникос Ахнас

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски најде нов клупски ангажман, потпишувајќи договор со кој до крајот на оваа сезона ќе го води тимот на Етникос Ахнас.

Станува збор за кипарски прволигаш што моментно се наоѓа на шестото место на табелата, а од Ангеловски ќе се очекува во наредниот период уште повеќе да се приближи до врвот.

Етникос ќе биде четвртиот клупски предизвик во тренерската кариера на Ангеловски, откако тој имаше одлични резултати со Работнички, но и две неуспешни авантура по разделбата од репрезентацијата, како шеф на стручниот штаб на Горица во Хрватска и на Каспиј во шампионатот на Казахстан.

Етникос го промовираше македонскиот стратег преку клупските профили на социјалните мрежи, воедно најавувајќи дека негов асистент во стручниот штаб ќе биде Милан Илиевски, кој му беше соработник во стручниот штаб додека Ангеловски ја предводеше македонската репрезентација.

Се вчитува...