Екс-соиграч на Мекиќ е херој на денот: Скокна во море за да спаси давеник

Голема драма се случи утрово  на една од плажите во Задар, во која страшен крај спречи капитенот на КК Задар, Марко Рамљак. Поранешниот соиграч на нашиот репрезентативец Адем Мекиќ дефинитивно е херој на денот, откако забележал човек како се дави во морето и веднаш скокнал до него и му го спасил животот.

Рамљак ја потврди случката во изјава за весникот „24 Сата“, опишувајќи што точно се случило во тие моменти…

„Некогаш пијам кафе крај морето, тоа е кафуле што го знаат сите во Задар. Така беше и утрово, околу 11.30 часот, бев со сопругата и со еден пријател. Сопругата беше со детето малку подалеку и всушност таа прва го забележа човекот како се дави. Не беше ни на пет метри од брегот, не беше човек што случајно паднал, очигледно беше влезен во морето за да плива, но нешто му се случило. Веднаш скокнав, бев во облека, но воопшто не размислував, влегов во морето да му помогнам. Пријателот ми е физиотерапевт, ми подаде рака и го извлековме, тој беше малку изгубен од се што се случуваше, неколку пати ми се заблагодаруваше. Не го познавам господинот, но се надевам дека се ќе биде ОК со него“, изјави Рамљак.

Се вчитува...