Тенискиот свет беше шокиран од прекинот на соработката меѓу најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз и неговиот тренер Хуан Карлос Фереро.
Фереро проговори дека се укажувало на тоа дека соработката ќе продолжи, но потоа не се договориле околу условите за следната сезона.
„Се укажуваше дека ќе продолжи соработката. На крајот од сезоната имаше некои несогласувања околу условите за следната година, мислев дека ќе седнеме и ќе се договориме, но тоа не се случи. Во такви ситуации, секој гледа што е најдобро за себе. Не можевме да постигнеме договор и се договоривме да се разделиме. Не е поради пари како што се зборува. Веднаш кажав дека заработувачката не е клучна, ниту е мотив за работа со Карлос. Годината беше успешна, односот одличен. Немаше конфликти, и сите мислевме дека ќе продолжиме. Не би можел да издвојам ништо негативно од нашата соработка“, рече Фереро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

