Тотенхем е во потрага по нов тренер, откако Томас Франк доби отказ од клупата после поразот од Њукасл и 16-тото место на табелата во Премиерлигата. Тимот од Лондон имаше високи амбиции и битка дури и за место во Лигата на шампионите, но тоа нема да се случи, осбен ако на некој неверојатен начин овој тим го освои трофејот во најелитното европско натпреварување, каде што е во 1/8 финалето.
Едно од имињата кои се споменува е и поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ. Терзиќ направи чудо во 2024 година, откако го однесе тимот до финале во Лигата на шампионите и пресметка против Реал која ја загуби со 2-0.
Исто така италијанскиот стручњак Роберто Де Зерби се споменува како можен кандидат за клупата на Тотенхем. Де Зерби веќе има искуство со Премиерлигата откако го водеше Брајтон, додека искуството не е на страната на Терзиќ, кој не водел ниту еден клуб освен Борусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

