Екс-тренерот на Ефес е нов селектор на Хрватска

Хрватската кошаркарска репрезентација од денеска има нов предводник, откако оваа одговорна функција му беше доверена на Томислав Мијатовиќ.

Станува збор за искусен стручњак кој долги години е дел од стручниот штаб на Ефес, а првиот дел од сезонава го миина и како прв тренер на турскиот гигант. Мијатовиќ остана како прв асистент и по доаѓањето на Лука Банки на клупата, а Хрватот денеска и официјално ја прифати понудата да стане нов селектор на националната селекција.

„Сакам да се заблагодарам на сите во федерацијата за укажаната доверба. Голема чест, но и обврска е да се биде селектор на хрватската кошаркарска репрезентација. Знаеме дека пред нас е, како и секогаш, тжок пат, но тоа е пат што отвара една голема врата кон големата сцена. Мораме да останеме скромни, да одиме чекор по чекор и да го третираме секој нареден меч како финале“, изјави Томислав Мијатовиќ.

Прв предизвик за новиот селектор се претквалификациите за СП, во кои Хрватите за ривали ги имаат селекциите на Данска и Норвешка.

Се вчитува...