Екс тренерот на Наполи, Челси и Јувентус ќе го води Милан следната сезона!?

Поранешниот тренер на Јувентус, Челси, Лацио и Наполи, Маурицио Сари, повторно е меѓу кандидатите за тренерската позиција во Милан, јавуваат локалните медиуми.

Тренерот беше меѓу имињата поврзани за позицијата во декември кога беше назначен Серхио Консеисао. Потоа италијанскиот тренер ги одби „росонерите“ бидејќи не сакаше да започне со работа на средина од сезоната без јасно формулиран проект и многу неизвесности околу иднината на тимот.

Сега ситуацијата околу Милан е поинаква, а на Сан Сиро се обидуваат да изградат стабилна спортско-техничка структура и да започнат нов проект што ќе може да се бори за титули во Италија, но и на меѓународна сцена. Се очекува во наредните недели да биде назначен нов спортски директор, кој ќе има одлучувачки збор во изборот на нов тренер, но Сари е меѓу фаворитите.

Актуелниот тренер Серхио Консеисао речиси сигурно нема да биде на чело на тимот по завршувањето на тековната сезона. Маурицио Сари е меѓу имињата поврзани со Аталанта , од каде што Џан Пјеро Гасперини исто така заминува на крајот од сезоната.

Се вчитува...