Екс-тренерот на ПСЖ заедно со синот заврши во притвор поради дискриминација

Кристоф Галтие го минува најтешкиот период од животот, откако довчерашниот тренер на ПСЖ  денеска беше приведен во полициска станица во Ница.

Како што јавуваат француските медиуми, тој се соочува со сериозни обвиненија за дискриминација, во периодот додека седеше на клупата на фудбалскиот клуб Ница. Скандалот поврзан со овој стратег се појави пред околу два месеци, тогаш Галтие категорично ги отфрли обвинувањата, но случајот против него очигледно се граеше во изминатиот период, што резултираше со денешното лишување од слобода.

Заедно со Кристоф Галтие приведен бил и неговиот син Џон Валовик Галтие, а во текот на денот се очекуваат повеќе информации околу случајот и обвиненијата што ќе бидат покренати.

Се вчитува...