Екс тренерот на Унион Берлин седнува на клупата на Борусија Дортмунд

Поранешниот тренер на Унион Берлин, Урс Фишер е најновото име кое се споменува за тренерската клупа на Борусија Дортмунд. Фишер е без работа откако го напушти кормилото на Унион, со кого направи историски успех и излезе со екипата во Лигата на шампионите.

Фишер е швајцарски тренер, а беше на кормилото на Унион пет години. Претходно седеше и на клупата на Базел, на Тун и на Цирих.

58-годишниот Фишер ќе се бори за местото на Борусија Дортмунд заедно со хрватскиот тренер Нико Ковач. И покрај тоа што вчера демантираше, германските медиуми се убедени дека Хрватот е кандидат за испразнетото тренерско место, по смената на Нури Сахин.

Во меѓувреме, Мајк Тулберг, тренерот на младинскиот тим на Борусија Дортмунд, ќе ги предводи „милионерите“ на утрешниот меч со Вердер.

Се вчитува...