Кемба Вокер нема да биде единствената НБА ѕвезда која ова лето ќе се пресели во европските натпреваруања. Доколку се остварат гласините од Израел, Хапоел Тел Авив кој во новата сезона ќе се натпреварува во Еврокупот добива големо засилување во поранешниот центар на Мајами, Хасан Вајтсајд.
Клубот од Тел Авив работи на долгогодишен проект чија цел е да ја запре доминацијата на градскиот ривал Макаби, а во искусниот 34-годишник гледа како играч кој ќе ги предводи големите промени на кошаркарската мапа во земјата.
Вајтсајд беше одбран во втората рунда на НБА драфтот во 2010 година, но успеа да се докаже преку Џи-лигата до најголемата кошаркарска сцена. Во дресот на Мајами настапуваше од 2014 до 2019 година, период во кој заврши како најдобар скокач во првенството и беше одбран во вториот најдобар дефанзивен тим на 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА