Анадолу Ефес е се поактивен на пазарот успевајќи да доведе уште едно квалитетно засилување на располагање на новиот тренер Игор Кокошков.
Јоргос Папајанис од денеска е нов член на турскиот кошаркарски гигант откако грчкиот центар потпиша договор на две плус една сезони со Ефес. Тој ја мина ланската сезона во дресот на Монако, но добиваше минимална минутажа откако „кнезовите“ го ангажира Тајс од НБА-лигата. Беше јасно дека Папајанис ќе ги промени клупските бои, а откако Монако објави дека го раскинува договорот веднаш почна трката за неговиот потпис.
Панатинаикос испрати богата понуда за да го врати Гркот назад во татковината, но тој реши да се пресели во Турција потпишувајќи за Ефес.
Папајанис е второто засилување на турскиот гигант откако вчера беше комплетиран и трансферот на Вајлер-Баб од Баерн Минхен, а се очекува во наредниот период да бидат доведени уште неколку квалитетни кошаркари во тимот што ќе го предводи Игор Кокошков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

