Екс-вардарецот Али Адем се врати во Македонија: Го засили Шкупи (ФОТО)

Воден од амбициите за освојување на шампионската титула, Шкупи за пролетниот дел од шампионатот се засили и со поранешниот вардаров фудбалер Али Адем кој на Чаир доаѓа на позајмица од солунски Арис до крајот на сезоната.

20-годишниот Адем треба да биде сериозно засилување за тимот во продолжението од првенството.

„Несомнено сум многу среќен што дојдов во клуб со голема традиција во нашата земја и регионот. Секако, моето доаѓање во овој клуб е поврзано и со амбициите да му помогнам на тимот да стигне до шампионската титула и потоа да успее во Европа. Се надевам дека многу брзо ќе се прилагодам на ова големо семејство, имајќи во предвид дека од претходно сум играл заедно со Јакуп Бериша, Бесар Исени и Матеј Цветановски. Посакувам да дојдеме до шампионската титула сезонава и по долго време да го вратиме трофејот на Чаир“, истакна Адем по промоцијата во новиот дрес.

Адем веќе се приклучи на подготовките на тимот во Анталија.

Се вчитува...