Унгарски Веспрем без поголеми проблеми триумфираше против Е. Пелистер со 23-30 во 6. коло од Групата А во Лигата на шампионите.
Екс-вардарецот, Лука Цинриќ со осум гола, беше најдобриот поединец кај Веспрем целосно рушејќи го битолскиот состав.
„Секогаш е убаво кога и да се вратам во Македонија, секогаш е убаво да се игра тука. Навистина ми е мило што се уште има публика на трибините во оваа бројка“ – рече Циндриќ по мечот и дополни:
„Ние имаме целосна почит за Пелистер затоа и пристапивме максимално на натпреварот. На моите соиграчи и пред мечот им пренесова дека не е лесно да се игра во Битола, затоа влеговме фокусирано и заслужено победивме. На Пелистер му посакувам среќа на следните натпревари“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА