Даниел Димевски, кој беше на листата надворешни соработници на експремиерот Зоран Заев, се најде под лупата на Антикорупциската комисија која оформила предмет за него поради закуп на делови од спортската сала „Кале“. Тој за неверојатно мала сума од 600 евра+ДДВ како месечна закупнина ја добил на стопанисување во наредните 30 години, заклучно со 2049 година. Во јавноста, владата претстави дека салата СРЦ Кале ја дава на користење на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ). Во моментот на склучување на овој договор, Даниел Димевски се водеше како надворешен соработник на експремиерот Зоран Заев за прашања во областа на спортот и негово унапредување.
Интересен е и членот 7 од договорот, според кој доколку настанат било какви промени на ДУП договорот претставува согласност на закуподавачот за пренамена на дејноста. Но, евентуално изградените објекти од траен карактер по истек на договорот би биле проценети од овластен проценител и ќе бидат поделени во сооднос 20% на ЈПСОС (Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија) и 80% на ТУРД Олимпик ДОО Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА