Пред четвртфиналните средби на Европското првенство, УЕФА пласираше информација дека експерименталното правило што се однесува за комуникацијата со делителите на правдата кое за прв пат беше имплементирано на собирот на најдобрите европски репрезентации во Германија ќе биде официјално и на клупско ниво започнувајќи од престојната сезона.
Имено, на клупско ниво од сезоната 2024/25 секоја жестока расправа со судиите ќе резултира со жолт картон, а ексклузивно правило за комуникација со судиите ќе имаат само капитените со што тие воедно ќе избегнат и санкција.
Тимовите во кои капитен е голманот пред натпреварот ќе изберат еден играч во полето кој ќе биде одговорен за комуникација со судијата.
Новото правило на УЕФА како директна последица резултираше со рекорден број на жолти картони во групната фаза на Европското првенство. Беа забележани 166 жолти картони што е за четириесет повеќе од доделените жолти картони на Евро 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА