Експерт за допинг побара Синер да биде исфрлен од тенисот: Па што ако е прв на светот, допинг е допинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се најде во центарот на скандал откако беше позитивен на две допинг-тестирања во месец март. Станува збор за суспстанцата „Клостебол“ за која следува казна од две до четири години, но по кратка истрага тој не беше прогласен за виновен по што е слободен да продолжи со настапите.

Тоа предизвика голем бес во тениската јавност. Голем број на поранешни и актуелни тенисери ја осудија оваа одлука, а за неа говореа и експертите. Свое мислење даде и професор доктор Фриц Сергел, германски експерт за допинг.

„За мене целата ситуација е сомнителна. Изговорот дека забранетата супстанца е апсорбирана преку кожа се повеќе се користи во последно време. Ова е уште еден таков случај и Светската анти-допинг агенција мора да интервенира.

Клостебол е Клостебол и сам по себе води до забрана за настап од две до четири години. Нема друга опција. Не гледам причина за најдобриот тенисер на светот да не добие суспензија. Посебно за тоа што е најдобар на светот. Сетете се на примерот на Бен Џонсон кој остана без злато на Олимписките игри поради допинг. Тој беше пример. Нема врска дали е прв или 15-ти, зошто Синер да не биде земен за пример?

Па дури и тој да бил масиран секој ден, мислам дека е многу тешко Клостебол да влезе во телото во толкава количина да биде детекриан на самиот допинг тест“, вели експертот.

Се вчитува...