Експерт за ВАР технологија објасни зошто беше досуден пенал за Англија

Експерт за ВАР технологија ја објасни спорната ситуација од полуфиналето на ЕУРО. Фудбалерите на Англија ја совладаа Холандија со 2-1 и се пласираа во финалето на Европското првенство.

Холандија поведе по голот на Чави Симонс, но Хари Кејн брзо одговори од белата точка. Кога се чинеше дека мечот ќе оди во продолженија, Оли Воткинс и донесе финале на Англија. Една од главните теми е пеналот кој беше досуден за Кејн.

Многумина ја сметаат одлуката на главниот судија Феликс Цвајер како контроверзна. Експертот за ВАР технологија Дејл Џонсон објасни зошто зборувале од ВАР-собата и му предложиле на судијата да го погледне видеото.

„Зошто беше сугерирано дека ова е пенал? Поради природата на стартот на Дамфрис, тој ги имаше копачките вперени во Кејн кога се обиде да ја шутне топката. Тоа се смета за невнимателен и непромислен старт, што е и причината поради која Холанѓанецот доби жолт картон. Тоа е ситуација во фудбалот кога стартот и по удар може да се протолкува како фаул“, изјави Џонсон. 

Се вчитува...