Експертите едногласни: Внимавајте на Македонците во Евролигата (ВИДЕО)

По долги години Македонија одново ќе има двајца претставници во најсилното европско кошаркарско првенство, Евролигата. Тоа ќе бидат Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс кои ќе ги бранат боите на Олмпија Милано, односно новајлијата во натпреварувањето, Париз.

Бековите кои со успех ја предводеа македонската кошаркарска репрезентација на последните претквалификации, односно квалификации за Евробаскетот во 2025 година воедно се најдоа и во изборот на специјализираниот сајт за кошарка „Баскет Њуз“ како едни од осумте новалјлии во Евролигата на кои треба да се обрати посебно внимание.

„Тој има голем потенцијал да биде одличен евролигашки бек. Милано се обложува многу на него, но мислам дека треба да дел од почетната постава. Тој е одличен стрелец; тој не е толку брз, но тој е толку вешт со топката, а неговата флотер игра е лудо добра. Погодува со неверојатно висок процент. Не му треба многу време да упати шут и е одличен шутер за три поени.

Одбраната може да биде проблем, но кога играте за Месина, тоа се решава. Прашање е како ќе се прилагоди на Евролигата и колку голема улога ќе добие со толку големи имиња покрај него. Треба да живеете со неговите загубивени топки за да го направите поефикасен“, вели Аугустас Сулиаускас.

Големи се очекувањата и за натурализираниот Македонец, Ти-Џеј Шортс кој ќе дебитира на евролигашката сцена со бројни МВП признанија добиени во последните сезони од кои последното во Еврокупот.

„Тој е еден од најбрзите играчи на континентот; игра многу повисоко од неговата висина и си игра со срцето.

Неговата игра од полудистанца е елитна, начинот на кој манипулира при „пик-ен-рол“, начинот на кој поентира во ректот. Знае да напаѓа разни одбрани. Многу луѓе ќе имаат прашалници за неговото шутирање за три поени и одбраната, но едноставно не можам да не го вклучам. Од дното се искачи во Евролигата“, додава Литванецот.

Дебито на Димитријевиќ во Евролигата ќе биде против Монако на гостински терен, додека Шортс во главниот град на Франција ја пречекува Црвена Звезда. Двата натпревари ќе бидат одиграни на 3. октомври.

Се вчитува...