Сите билети за евролигашкиот „Фајнл 4“ турнир кој за прв пат во историјата ќе се одржи надвор од Европа се распродадени, објави Евролигата на социјалната мрежа „Х“.
Билетите беа пуштени во продажба денеска, а и експресно распродадени и покрај сомнежот за голем интерес со оглед на тоа што завршницата на најсилното европски кошаркарско првенство ќе биде одиграно во Абу Даби.
Натпреварите од „Фајнл 4“ турнирот ќе бидат одиграни во „Етихад“ арената со капацитет од 18 илјади места од 23. до 25. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

