Шкендија дополнително се зацврсти на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако во дербито на 20. коло триумфираше против второпласираниот Силекс со 4-2. Работнички, пак, се врати на втората позиција на табелата по минималната победа над Воска Спорт, а искористувајќи го ремито на Гостивар со Беса. Шкупи славеше против АП Брера во Струмица, а Пелистер со пресврт триумфално го заврши гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.
Два погодоци беа сервирани уште во првите десет минути од средбата на дерби пресметката во Тетово. Уште на самиот почеток од мечот, Силекс поведе со 0-1 благодарение на погодокот на босанскиот интернационалец Алиќ.
Но, веќе во 10. минута Шкендија успеа брзо да израмни со мајсторскиот гол со пета на Крстевски, а на асистенција на Тамба…
Во второто полувреме, Рамадани по убава соло акција и асистенција на Крстевски погоди веќе за пресврт од 2-1, а потоа за 3-1 во листата на стрелците се запиша, и кој друг ако не Бесарт Ибраими. Откако гостите во 82. минута намалија на 3-2 со голот на Рајков, во 86. минута погоди Љатифи со шут од 16 метри и грешка на гостинскиот голман за конечни 4-2.
Шкупи со 1-2 триумфираше против АП Брера на гостувањето во Струмица. Чаирчани до предноста дојдоа со погодокот на Емануел Аворнијо во 31. минута од средбата.
Во вториот дел, Имери погоди во 62. минута и за 0-2 за Шкупи.
Домашните само успеаја да ублажат за конечни 1-2 со голот на Мартин Георгиевски.
Работнички ја победи Воска Спорт минимално со 1-0, но доволно за три бода, со голот на Рушевиќ во 56. минута од средбата.
А, максимално интересно беше во Кавадарци каде Пелистер со пресврт успеа да дојде до победа од 1-2 против Тиквеш.
Домашните први поведоа со голот на Миловановиќ во 64. минута, но потоа Трајкоски погоди во 84. минута за израмнување на резултатот, а возбудлива завршница Александар Ристевски погоди ефектно со глава во 88. минута за триумф на Пелистер од 1-2.
ПРВА ЛИГА – 20. КОЛО
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ 1-2
Георгиевски 82′ – Аворнијо 31′, Имери 67′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 4-2
Крстевски 10′, Рамадани 63′, Ибраими 77′, Љатифи 86′ – Алиќ 5′, Рајков 82′
Гостивар: БЕСА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВОСКА СПОРТ 1-0
Рушевиќ 56′
Кавадарци: ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР 1-2
Миловановиќ 64′ – Трајкоски 84′, Ристевски 88′
ВЧЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

