Лука Дончиќ не крие дека секогаш е дополнително мотивиран кога ќе игра против Далас маверикд, клубот што шокантно се откажа од него и ланската сезона го испрати во ЛА Лејкерс во трејд со кој маверикс го добија Ентони Дејвис. Словенецот не го заборава лесно тоа, па така рано утрово го предводеше својот тим до победа токму во Далас. Дончиќ го заврши мечот со 33 поени, 8 скокови и 11 асистенции, постигнувајќи ги последните четири поени на својот тим, но и изнудувајќи клучна лична грешка во напад во моментите кога е решаваше победникот.
Воедно, Дончиќ токму на гостувањето на поранешниот клуб испиша историја, станувајќи најмлад играч со 1.500 погодени тројки во НБА-лигата.
Драматично беше во Чикаго, каде домашниот тим по голема борба го совлада Бостон со 114-111, меч што стартуваше со церемонија за повлекување на дресот на пензионираниот Дерек Роуз. Салата беше исполнета до последно место, а домашните кошаркари со помош на публиката го зедоа скалпот на фаворитот, со тројката на Хертер со звукот на сирената.
Резултати НБА:
Јута – Мајами 116-147, Далас – ЛА Лејкерс 110-116, Чикаго – Бостон 114-111, Орландо – Кливленд 105-119, Филаделфија – Њујорк 109-112.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

