Екстра засилувањата се контра ефект: Во Барселона владее големо незадоволство

Барселона ги надмина финансиските проблеми и ова лето стигна до големи засилувања како Роберт Левандовски, Џулс Кунде и Рафиња. За услугите на овие тројца каталонците потрошија над 150 милиони евра, но екстра засилувањата заедно со квалитетот донесоа и големо незадоволство во соблекувалната.

Имено, за Барселона да не го прекрши финансискиот фер-плеј и да може да регистрира дел од новите засилувања мора да продава, а на листата на заминувања се наоѓаат повеќе фудбалери меѓу кои и Френки де Јонг, Мемфис Депај и Мартин Брејтвајт.

Преголемите примања на Де Јонг ја проморува Барселона да го продаде или пак да го убеди 25-годишникот да се сложи на намалување на платата. Холанѓанецот нема намера да ги исполни барањата на клубот кој може да троши, но не и да ги исполни веќе договорените услови.

Сличен проблем се јавува и со Мемфис Депај и Мартин Брејтвајт. Напаѓачите не се во планот на Чави, но немаат намера да го напуштат клубот доколку не се исполнат барањата. Холанѓенецот ќе замине само доколку е во европски гигант и тим со големи амбиции, а Данецот за да го раскине договорот бара 8 милиони евра колку што му должи Барселона.

Се вчитува...