Еквадор даде гол против Бразил и обезбеди билет за четвртфинале, познати патниците во следната фаза на Копа Америка

Одиграни се последните два натпревари од групата Б, што даде одговор на прашањето кои репрезентации им се придружија на Бразил и Перу во четвртфиналето во Копа Америка. Еквадор одигра нерешено со „караоките“ (1-1) и извлече бод вреден за пласман во следната рунда, додека Венецуела го заврши натпреварувањето со минимален пораз од Перу.

И Колумбија беше задоволна од овие исходи, Колумбијците „висеа“, па мораше да се надеваат дека Еквадор и Венецуела нема да победат, затоа што во тој случај Колумбијците ќе останеа без четвртфинале. Стравот беше разбирлив, имајќи предвид дека ниту Бразил, ниту Перу немаа особено силен натпреварувачки мотив во последните дуели.

Нејмар и компанија веќе го обезбедија првото место и селекторот Тите реши да одмори неколку првотимци. Сепак, дури и условно кажано, резервниот тим на Бразил не дозволи пораз, па одигра 1-1 со Еквадор. Бразилците поведоа преку Едер Милитао во 37.минута, а Мена изедначи во 53.минута. Тој гол на крајот му донесе пласман на Еквадор во следната фаза.

Перу го обезбеди билетот за нокаут-фазата, но не и втората позиција, и доколку загубеше, можеше да падне на третото место. Поради тоа, Перуанците не оставија ништо на случајот и дојдоа до минимална победа со голот на Карил во 48. минута. Со оваа победа Перу дефинитивно ја завери втората позиција, а Венецуела испадна.

Во групата Б на првата позиција се наоѓа Бразил со 10 бода, а потоа следуваат Перу со седум, Колумбија со четири, Еквадор со три и Венецуела со два бода. Од исходот од групата А ќе бидат познати и двојките од четвртфиналето. Познато е дека Аргентина, Парагвај, Чиле и Уругвај продолжуваат да се натпреваруваат, но сите четири екипи делат само три бода и треба да се распределат позициите.

Се вчитува...