Еквадор го слави Енер Валенсија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Еквадор славеше со 0-2 над домаќинот Катар на отворањето на 22. Светско првенство. Херој за Екваторците беше Енер Валенсија кој беше стрелец на двата гола за својата репрезентација, а еден погодок му беше поништен со ВАР.

Валенсија уште во третата минута ја затресе мрежата на Катарците, но по проверка на ВАР неговиот погодок беше поништен. Во 15. минута доби пенал кој рутински го реализираше за водство од 0-1 за Еквадор, а конечните 0-2 ги постави во 31. минута.

Херојот на Еквадор во 43. минута доби удар во коленото по кој се пожали на повреда. Сепак, остана во игра се до 77. минута кога поради болка мораше да го напушти теренот.

[deleted by user]
by insoccer

 

Qatar 0 – [1] Ecuador – Enner Valencia penalty 16'
by insoccer

[deleted by user]
by insoccer

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...