Еквадор израмни, но Сенегал веднаш повторно дојде во предност (ВИДЕО)

Еквадор успеа да дојде до израмнување и до гол во дуелот со Сенегал. Во 68. минута Кајсидо успеа да го најде патот до мрежата по одлично изведен корнер.

И кога се чинеше дека Еквадор воспостави рамнотежа, и беше блиску до 1/8 финалето, само две минути подоцна Кулибали успеа повторно да го најдат патот до голот и да го донесе Сенегал во ново водство.

Возбудлив натпревар се игра, а во последните 15. минути Еквадор ќе се обиде да дојде барем до бод кој ќе ги однесе до најдобрите 16 на Мундијалот.

Се вчитува...