Еквадорец е замена за Тео Хернандез во Милан

Раководството на Милан успешно финишираше уште една рунда преговори, откако беше постигнат договор со Брајтон за трансферот на Первис Еступинан.

Станува збор за еквадорски репрезентативец кој во претходните две сезони имаше одлични игри во дресот на премиерлигашот. Милан бараше нов лев бек откако Тео Хернандез го напушти клубот, прва опција беше Удоги, но откако Тотенхем побара 50 милиони евра вниманието беше насочено кон Еступинан.

По двете одбиени понуди, „росонерите“ на крајот постигнаа целосен договор со Брајтон, па ќе платат 17 милиони евра за левиот бек, плус дополнителни два милиони доколку се исполнат одредени клаузули во договорите.

Еквадорецот ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот гигант за плата од два милиони евра плус бонуси.

Се вчитува...