Еквадорците бесни: Поништен чист гол за израмнување (видео)

Еквадор пред самиот крај на полувремето успеа да израмни на 1-1 преку Еступињан, но голот беше поништен поради пасивен офсајд.

Имено, по еден корнер топката беше исфрлена надвор од шеснаесетникот, а потоа повторно упатена кон голот со удар од дваесетина метри. Еступињан воопшто не беше во офсајд во моментот на голот, голманот веќе беше паднат, но судиите сепак досудија офсајд од еден негов соиграч, кој во моментот на ударот се наоѓаше пред паднатиот чувар на мрежата на Холандија.

Целата ситуација можете да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК, па самите проценете дали судиската одлука беше правилна.

 

Се вчитува...