Екваторска Гвинеја и Нигерија се во нокаут-фазата на Африканскиот куп

Репрезентациите на Екваторска Гвинеја и Нигерија се пласираа во нокаут-фазата на Африканскиот куп откако во третото коло стигнаа до вторите победи во групата „А“ на шампионатот.

Екваторска Гвинеја славеше со убедливи 4-0 против Брегот на Слоновата коска со двата гола на Нсуе во 42. и 75. минута и благодарение на Ганет и Бујка кои ја тресеа мрежата во 73. и 88. минута.

Нигерија пак забележа минимална победа од 1-0 против Гвинеја-Басао со автоголот на Санганте во 36. минута.

 

Се вчитува...