Дерби натпреварот меѓу Барселона и Реал Мадрид кој требаше да се одигра на 26. октомври на „Камп ноу“ е одложен, а најверојатно ќе се одигра на 18. декември, пренесуваат шпанските медиуми.
Раководстовот на Ла лига донело одлука поради политичките ситуации во „Каталонија“, дуелот да се одложи, а точниот термин ќе биде дополнително објавен. Лигата инсистира мечот да се игра на 7. декември, но од двата клуба тоа не го прифатија, па се очекува мечот да биде одигран на 18. декември. Двата ривала имаат време до 21. октомври (понеделник) да донесат одлука кога ќе се игра првото „Ел-класико“ сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

