„Ел класико“ спектаклот во знакот на Балканците и неверојатните забивања (ВИДЕО)

Кошаркарското „ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во 27. коло од Лига Ендеса заврши со победа на каталонците од 97-82. До триумфот домашниот тим стигна со неверојатна трета четвртина во која постигна 31 поен, стигна до висока предност, а потоа и одолеа на налетот на гостите во последните десет минути.

Фантастичниот натпревар го отсликаа и неверојатни забивања. „Постер“ над Таварес приреди Џејмс Наџи, но Нигериецот се најде и на потрешката страна од „хајлајтот“ откако преку него заби Јабуселе.

Во центарот на вниманието поентерски беа Балканците. Никола Миротиќ со 23 поени и 6 скока ја предводеше Барселона, додека Џанан Муса со 23 поени и 5 скока беше лидер на Реал Мадрид.

Се вчитува...