Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“. Тој не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец во редовите на Реал Мадрид и токму затоа сака да побара нова фудбалска средиа. А интересно е дека за него интерес покажува лутиот ривал, Барселона.
Новиот тренер на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, смета дека Ковачиќ би бил одлично засилување за средниот ред на Барселона и побарал од раководството на клубот да се обиде да го доведе на „Камп Ноу“. Реал Мадрид за него бара 35 милиони евра, но Барса ќе се обиде да ја намали отштетата и ќе понуди пет милиони евра помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА