„Ел Класико“ во финалето на Копа дел реј: Барселона чека победа над Реал во финале точно 35 години!

Фудбалска Европа вечерва со погледите кон Севилја каде од 22 часот се игра финалето од Купот на кралот, во нова „Ел Класико“-пресметка меѓу најголемите шпански ривали Барселона и Реал Мадрид.

Интересно, и покрај огромната традиција на меѓусебни дуели, за двата тима ова ќе биде само седми меѓусебен натпревар во историјата во финалето на Копа дел реј. Досега се сретнале само шестпати во финалните пресметки, од кои и Барса и Реал имаат по три победи. На последните два финални дуели во 2011 и во 2014 година славеше Реал Мадрид.

Барселона, пак, последен пат против „кралевите“ во финалето на Купот славела далечната 1990 година кога на стадионот „Луис Казанова“ во Валенсија триумфираше со 2-0. Тоа беше прв шпански трофеј за Јохан Кројф како тренер на Барселона стартувајќи ја тогаш тотална доминација на каталонскиот тим во европскиот фудбал.

Се вчитува...