„Ел команданте“ без „заставник“ – Македонија се подготвува за СП, Парондо полага „мастер“!?

Селекторот Раул Гозналес беше без својот помошник, Роберто Парондо на клупата на македонската репрезентација на вечерашниот прв контролен натпревар со Србија во подготовките пред настапот на СП.

Во отсуство  на помошникот, на селекторот му асистираше директорот на репрезентацијата Милчо Чакарески. А, ќе му асистира и утре на вториот меч со Србија, бидејќи Парондо е „оправдано отсутен“ до недела.

Според информациите од стручниот штаб, помошникот  на Раул Гонзалес, наместо на подготовки со репрезентацијата деновиве е на семинар во Мадрид за Мастер лиценца.

Колку и да е „во интерес на службата“ симптоматично е што Роберто Парондо веќе втора година по ред во јануари има поважна работа од настапите на македонската репрезентација во која е втор човек на клупата.

Минатата година шпанскиот тренер во стручниот штаб на македонската репрезентација си замина од Хрватска после првата фаза на ЕП поради клупските обврски во ЖРК Вардар. Сега на неколку дена пред почетокот на СП, Парондо повторно е отсутен поради тренерски семинар…

Пред три години и Данило Брестовац, тогаш помошник на селекторот Ивица Обрван, на сред ЕП во Полска ја остави репрезентацијата и се врати на клупските обврски во Шамбери.

Но, овие критикувани инциденти во стручниот штаб на македонската репрезентација очигледно остануваат лоша практика и понатаму.

Се вчитува...