ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Македонија излегува на мегдан со селекцијата на Русија, Стоилов за ривал на спротивната страна ќе го има Дибиров, а и Раул Гонзалес против себе ќе има добро познато лице – Едуард Кокшаров.
Поранешниот руски репрезентативец дојде во Вардар на инсистирање на газдата Сергеј Самсоненко и ја извршува улогата на спортски директор во управата на македонскиот првак. Кокшаров оваа улога ја вршеше и додека Гонзалес седеше на клупата на Вардар, па интересно ќе биде да се види како ќе мине меѓусебното надмудрување на двајцата поранешни соработници.
За очекување е Раул повторно да инсистира на „седум на шест“ во нападот, во обид да ја пробие руската одбрана што функционираше одлично во последните три меча (25 примени гола од Бразил, 23 од Франција и 22 од Германија).
Кокшаров добро ги знае методите на работа на „ел команданте“, па македонскиот селектор ќе треба да извлече „џокер од ракавот“ за да го земе скалпот на Русија, во чии редови настапуваат и неколку негови поранешни ракометари од Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА