Ел Шарави „џокер“ за Мурињо, Рома останува перфектна! (ВИДЕО)

Рома го совлада Сасуоло со 2-1 во натпревар од 3. коло во италијанската Серија А. Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со голот на Брајан Кристанте во 37. минута. Гостите израмнија на 1-1 со голот на Џуричиќ во 57. минута, додека Ел Шарави беше херој за „римската волчица“ постигнувајќи го победничкиот гол во 91. минута.

Рома останува перфектна сезонава со три победи во исто толку меча, учинок со кој може уште да се пофалат и Наполи и Милан.

 

 

 

Се вчитува...