Ел Шарави за 40 милиони евра во Кина

Стефан Ел Шарави ја напушти Рома и потпиша милионски договор со кинескиот Суперлигаш Шангај Шенхуа. Тој се обврзал на тригодишна соработка за која ќе добие 40 милиони евра. Трансферот чинел 18 милиони евра плус бонуси.

Договорот на Ел Шарави со Рома истекуваше следното лето, а по неуспешните преговори за продолжување на соработката, двете страни решија да се разделат. Во изминатата сезона, италијанскиот репрезентативец одигра 33 средби во сите натпреварувања и постигна 11 гола.

Во Рома дојде од Милан, а претходно играше и за Џенова, Падова и за Монако.

 

 

Се вчитува...