Шпанскиот прволигаш Елче ќе биде противник на нашиот Ѓорче Петров во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп, беше одлучено со ждрепката што беше одржана денеска во Келн.
Македонскиот тим игра историска сезона во европските натпреварувања, а откако во минатата рунда го елиминираа чешки Лажне, сега ќе имаат уште потешка задача. Елче е ривалот што стои на патот на „лавиците“ на тренерот Симовски, а добра вест за македонскиот тим е што реваншот на 16/17 март ќе го игра на домашен терен, откако претходниот викенд двете екипи ќе излезат на мегдан во Шпанија.
Веднаш беа извлечени и двојките за полуфиналето, па доколку Ѓорче Петров успее да го мине Елче, за ривал во следната фаза повторно би имал екипа од Шпанија ако се знае дека победникот од овој двомеч ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Гран Канарија и Гранолјерс.
ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП
Михаловце (Словачка) – Венло (Холандија)
Елче (Шпанија) – Ѓ. Петров (Македонија)
Гранолјерс (Шпа) – Гран Канарија (Шпанија)
Бенфика (Португалиа) – Јаликавак (Турција)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА