Елче го отпушти тренерот по поразот од Рајо

Веднаш по вчерашниот пораз од Рајо Валјекано, Елче го отпушти тренерот Франциско Родригез. Тимот има пет последователни порази со гол разлика 2:14.

Вчера Елче поведе над Рајо, а Димитриевски имаше вина за голот откако лошо го процени летото на топката. Сепак, екипата на нашиот репрезентативен голман направи пресврт, и тоа со гол во последните секунди од мечот.

„Би сакале да му се заблагодариме на тренерот за неговата работа и посветеност за време на неговиот престој во клубот и му посакуваме се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.

44-годишниот тренер го презеде Елче во ноември минатата гдоина. Во сезоната 2012/22 тимот заврши на 13-то место.

Се вчитува...