Македонската интернационалка Елена Петковска спогодбено го раскина договорот со полскиот клуб МКС Перл Лублин, кој викендов го елиминира Куманово со две убедливи победи во Челинџ купот.
Петковска во јули годинава се пресели од Металург во Лублин, но од почетокот на сезоната одигра само четири натпревари и постигна два гола. Потоа се повреди и пропушти поголем дел од останатите натпревар, што според полските медиуми на крај резултирало и со предвремен раскин на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА