Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам, Елена Петрова (29), учествуваше на меѓународното издание на UCI Gran Fondo 2023, кое изминатиот викенд се одржа во хрватскиот град Умаг.
Во силна конкуренција на учеснички од 25 држави, нашата претставничка успеа да ја заврши 120км долгата патека на 2-то место во категорија жени од 19 до 34 години. Со овој одличен пласман Петрова се квалификуваше на овогодинешниот Светски UCI Gran Fondo, кој ќе се одржи во август во Глазгов – Шкотска.
„Навистина сум среќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со дрес на национален шампион гордо да застанам на подиумот. Трката во Истра беше тешка, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 2 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и мотив за возбудлива натпреварувачка сезона. Благодарност до мојот матичен клуб Инвиктус и Велосипедската федерација на Македонија“, изјави Елена Петрова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

