Елена Свитолина ја освои титулата на ВТА финалето во Сингапур

Елена Свитолна ја освои највредната титула во кариерата триумфирајќи во финалето на завршниот турнир на сезоната во Сингапур. Во финалната битка со 2-1 во сетови беше подобра од Слоун Стивенс. Американската тенисерка силно влезе во дуелот, го доби воведниот сет со 6-3, но Свитолина направи комплетен пресврт.

Во вториот сет ја остави Стивенс на само два гема, а потоа и во решавачкиот сет исто така беше доминантна и ја запре противничката на два гема.

Тенисерките кои полека го преземаат приматот во светскиот тенис, одиграа импресивно финале демонстрирајќи квалитет во меч исполнет со долги поени и одлични потези.

Свитолина е првата тенисерка по Серена Вилијамс во 2013 година, која го освоила турнирот во Сингапур без пораз.

Четврта година по ред, освојувачката на турнирот е тенисерка која нема трофеј од грен-слем турнир. Најголеми успеси на Свитолина се четвртфиналните пласмани на Ролан Гарос и на Австралија Опен.

 

 

Се вчитува...