Елена Тасевска – МВП на 9. коло во ПЛЖ

Кошаркарката на Вардар, репрезентативката Елена Тасевска имаше фантстичен натпревар против Патриот забележувајќи „трипл-дабл“ учинок кој воедно и донесе и признание за најкорисна кошаркарка на 9. коло.

Тасевска натпреварот го заврши со 20 поени, 14 скокови и 10 асистенции за индекс на корисност од 42, кој е еден од најголемите во сезоната.

Во петорката на колото покрај неа место има и за: Алексис Пул, Јана Паслевска, Милица Јовановиќ и Душица Мицева.

Се вчитува...