Елези: Дојдов во Хрватска за да играм и да се вратам во репрезентацијата

Агон Елези оваа зима се врати во Хрватска, и од Бохум замина во Горица на позајмица. Веднаш се наметна во тимот на Горица, и пружи добри настапи по „кам-бекот“ во Хрватска.

Во интервју за „Вечерњи лист“, Елези призна дека се вратил во Хрватска само за да се врати во репрезентацијата. Тој ќе биде повикан за првите два квалификациски натпревари против Велс и против Лихтенштајн, по добрата форма.

„Една од причините поради која се вратив во Хрватска е да се вратам и во репрезентацијата. На последните два собири за националниот тим не бев вклучен. Селекторот ми рече дека не играм затоа што немав минутажа во Германија. Не можев ништо да му кажам, и само му реков дека е во право. Јасно ми е дека не можам да бидам во репрезентацијата ако не играч, и ете сега играм и повикот стигна“, рече Елези за „Вечерњи лист“. 

Тој од Хрватска замина во Германија, па повторно се врати. Направи споредба на германскиот со хрватскиот фудбал.

„Огромна е разликата, од инфраструктурата, до маркетингот. Таму се чувствував како мегаѕвезда. Иако не играв, многу научив, тоа за мене беше едно огромно искуство“, вели Елези.

Се вчитува...