Елези ја заврши соработката со Бохум, се враќа во Хрватска

Македонскиот репрезентативец Агон Елези и официјално ја заврши соработката со германски Бохум.

Германците синоќа официјално ја потврдија разделбата со Елези, кој најверојатно повторно се враќа во Хрватска од каде има неколку понуди за продолжување на соработката.

„Бохум 1848 и Агон Елези постигнаа меѓусебен договор за раскинување на договорот. 24-годишниот репрезентативец на Македонија беше дел од сино-белиот тим од јануари 2024 година, но има само еден настап за првиот тим во Купот на Германија. Во втората половина од сезоната 2024/25, Елези беше позајмен на хрватскиот клуб Горица“ – се вели, меѓу другото, во соопштението на Бохум.

Се вчитува...