Фудбалерите на Бохум стигнаа до голема победа во битката за опстанок откако денеска славеа на гостувањето кај Унион Берлин со 3-4 во меч од 32. коло во германската Бундселига.
Гостите по првото полувреме имаа предност од 0-3 со головите на Витек на двапати и Шлотербек. Во вториот дел домаќините намалија на 2-3 преку Вертесе во 59. и Бедиа во 63. минута, а ново водство од два гола за Бохум (2-4) донесе Хофман во 70. минута.
Конечните 3-4 беа дело на Холербах во 74. минута. Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дашмир Елези мечот го помина на клупата за резерви на Бохум.
Union Berlin [3]-4 Bochum – Benedict Hollerbach 75′
byu/suedney insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА