Репрезентативецот Дашмир Елези, ги искажа очекувањата од натпреварите во Лигата на Нации на македонската репрезентација, и првите два меча против Фарски Острови и против Ерменија.
Елези вели дека цел на Македонија е првото место во групата во Лигата на нации.
„Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона сме и сите момци се максимално подготвени и се желни за добар резултат. Во модерниот фудбал нема добиени натпревари пред време. Фарски острови е многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога (вештачка трева), но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме. Но, тоа треба да го покажеме на теран“, рече Елези.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА