Елези: Одиме меч по меч, можеме многу во овие квалификации

Македонската репрезентација до 21 година денеска замина за Полска, каде против домашната селекција ќе го одигра првиот натпревар од квалификациитен за ЕП 2027. Дуелот е закажан за петок, 5 септември во 18 часот, на стадионот во Краков со капацитет од околу 15.000 гледачи.

Нашиот национален тим е подготвен. Селекторот Горан Станиќ верува во оваа генерација,  убеден е во успех во циклусот кој го отвораме во Краков. Дашмир Елези има слично размислување, фудбалерот на Работнички е еден од главните адути во нападот на младата селекција.

„Секако дека сме возбудени поради стартот на квалификациите. Пред нас е цел циклус и имаме што да покажеме. Мотивирани сме максимално. Полска е квалитетен тим, анализиравме и видовме на што треба да се посветиме. Одиме по поволен резултат, сакаме да освоиме бодови таму, а потоа со сите сили кон Италија и дуелот во Битола. Одиме натпревар по натпревар, бод по бод, до успех на оваа генерација“ – изјави Елези.

Се вчитува...