Агон Елези немаше проблеми да најде нов клупски ангажман по истекот на договорот со Бохум, па македонскиот репрезентативец во следните часа ќе потпише договор со Сараево.
Како што информираат медиумите од БиХ, сите детали од овој трансфер се веќе договорени, а се чека само Елези да ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјалниот потпис на договорот за соработка.
Овој 24-годишен фудбалер беше под договор со Бохум, но не доби вистинска шанса во германскиот клуб. Тој го мина вториот дел од ланската сезона во хрватскиот прволигаш Горица, интерес за него покажаа неколку хрватски клубови, но Елези на крајот ја избра БиХ за следна дестинација во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

