Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези е во центарот на јавноста во Хрватска, откако доби директен црвен картон за својот Вараждин во поразот на неговиот тим од Хајдук со 1-4 како дел од 21. коло во ХНЛ.
Елези во 56. минута од мечот поради бруталниот старт врз Ловренчиќ доби директен црвен картон. До тој момент Вараждин беше во егал 1-1, но во завршните 13 минути фудбалерите на Хајдук ја искористија предноста од фудбалер повеќе за да дадат три гола за убедлива победа од 1-4.
Бруталниот старт можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА